Philips Sonicare 9900 Prestige

Сонична електрична четка за заби со SenseIQ HX9992/11

Исклучителна нега персонализирана за тебе

  • Нашата најнапредна четка за заби
  • SenseIQ чувствува, се адаптира, се грижи
  • Сè-во-Едно глава за четка
  • Спречува штетен притисок при четкањето
  • Патна футрола со USB полнење

Нежна, а во исто време ефикасна, нашата модерна сонична технологија ви овозможува:

  • Отстранува до 20 пати повеќе наслаги

    Забните наслаги се проблем што не треба да се потценува: тие се таложат со секој изминат ден и можат да предизвикаат компликации и кариес. Нашите електрични четки за заби користат сонична технологија што помага во отстранувањето на наслагите и обезбедува исклучително длабоко чистење. Со своите 62.000 движења во минута, овие четки имаат поголема предност во споредба со рачните четки за заби.

  • Поздрави непца за само 2 недели

    Чистењето на непцата е доживување. Нашите електрични четки за заби користат нежни движења за чистење на наслагите по линијата на непцата и меко допирање за нега на чувствителните и крвавите непца.

  • До 2 нијанси побели заби за само 1 недела

    Нашите електрични четки за заби не го подобруваат само здравјето на усната шуплина. Тие исто така ви обезбедуваат побела и прекрасна насмевка. Секојдневното миење на забите со четката за заби Philips Sonicare придонесува за отстранување на дамките до 100%.

Уживајте во вистинското длабинско чистење со уникатната сонична технологија на Philips Sonicare

Главата на соничната четка работи со висока фреквенција што генерира звучни вибрации што ја истиснуваат течноста помеѓу забите. Динамичното дејство на чистење создава милиони микроскопски меурчиња. Во контакт со забите и непцата тие се распукуваат и ослободуваат кислород што продира во просторот помеѓу забите, каде што се таложат голем број бактерии што можат да ги оштетат не само непцата и забите туку и да навлезат во вашето тело и да го нарушат здравјето на вашето срце.

Diamond Clean

Побели, поздрави заби за цел живот.

4 режими на четкање:

  • 3 интензитети на чистење
  • Отстранува до 10 пати повеќе наслаги наспроти рачната четка за заби
  • Чистење
  • Избелување
  • Длабинско чистење
  • Грижа за непцата

Технологија BrushSync: за одредување на програмата и интензитетот на четкање кои се најсоодветни за Вашите заби.

1 глава со четка Premium Plaque Control

Конектирана со Bluetooth® wireless technology: Поврзана со апликација за четкање со цел да го следите прогресот на Вашето орално здравје

Кутија за патување со УСБ-полнач

Купете од Нептун Купете од Сетек

Protective Clean

Супериорно четкање. Нежна работа.

1 режим на четкање:

  • 2 интензитети на чистење
  • Отстранува до 7 пати повеќе наслаги наспроти рачната четка за заби
  • Грижа за непцата
  • Сензор за притисок што Ве предупредува кога применувате силен притисок

Потсетник за замена BrushSync: Секогаш знаете кога треба да ја замените главата со четка

2 глави со четки InterCare, помага во чистењето помеѓу забите

2 четки за заби

2 кутии за патување

Купете од Нептун Купете од Сетек Купете од Техномаркет

Series 3100

Отстранува до 3 пати повеќе наслаги наспроти рачната четка за заби

1 режим на четкање:

  • Чистење и избелување.
  • Ги заштитува и непцата.

1 глава со четка ProResults standard

Сензор за притисок што Ве предупредува кога применувате силен притисок

Потсетник за замена BrushSync: Секогаш знаете кога треба да ја замените главата со четка

Купете од Нептун Купете од Сетек Купете од Техномаркет

Sonicare for Kids

Создадете здрави навики од рана возраст.

2 режима на четкање:

  • Чистење
  • Длабинско чистење
  • Ги заштитува млечните заби

2 глави, 1 Sonicare for Kids, 1 Sonicare for kids Compact

Интелигентен двеминутен мерач на време: Вградениот мерач на време ве предупредува кога ќе помине оптималното време на чистење за секој дел од устата и ви обезбедува цели две минути чистење.

Купете од Нептун Купете од Сетек Купете од Техномаркет

Sonicare For Kids

Електрична четка за заби за деца

Миењето на детските заби се претвора во игра


Купете од Нептун Купете од Сетек Купете од Техномаркет

100% компатибилност на главите со секоја сонична четка за заби Philips Sonicare

Главите Philips Sonicare одговараат на Вашите индивидуални потреби. Советувајте се со Вашиот стоматолог за да Ви ја препорача најсоодветната четка за Вас.

Отстранување на површинските дамки Отстранување на наслагите и парадонтопатија Проблеми со непцата и чувствителност Ортодонтски апарати Грижа за децата

Optimal White Standard

Густо распоредени влакна во средината на главата за прецизно чистење на површинските дамки.

Premium Plaque Control

Добијте четкање уникатно како Вашата насмевка. Нашата C3 Premium Plaque Defense се прилагодува на контурите на Вашите заби и непца.

Optimal Plaque Control

Деликатно отстранување на наслагите по линијата на непцата за до 100% поздрави непца наспроти рачната четка за заби.

ProResults

Соодветно за корисници што се префрлаат од рачна на електрична четка.

Sensitive

Меки влакна за нежно, а сепак ефикасно четкање. Специјален профил на обвивката за заштита на забите и непцата.

InterCare Standard

Длабинско чистење соодветно за корисници со мостови, импланти, коронки.

ForKids Standard

Гумиран заден дел за заштита на детските заби од оштетување.

Не практикувате флосинг на забите? Тогаш употребете воден млаз Philips Sonicare Power Flosser 3000. Ги отстранува наслагите таму каде што не може четкањето.

Чистењето помеѓу забите е многу важно за општото здравје на устата. Нашиот орален наводнувач Power Flosser 3000 со технологијата QuadStream отстранува до 99,9% од наслагите* во третираните области. Темелно чистење помеѓу забите без напор, за да го подобрите здравјето на непцата. Уникатниот Quad Stream врв чисти повеќе површина со помалку напор за поефективно чистење секој пат, така што е лесно да се користи правилно. Работи без кабел. Лесно и практично.

Philips Sonicare
совршен за секој пациент

Различните стоматолошки состојби бараат различни индивидуални решенија. Дознајте како Philips Oral Healthcare може да ви помогне вам и на вашите пациенти со тоа што ќе ги разгледате сите состојби што се опишани подолу.

Биофилм

Бактериските наслаги се причина број 1 за предизвикување кариес и заболувања на непцата. Отстранувањето на наслагите и ефикасното чистење на тешко достапните области може да претставува предизвик со рачната четка за заби. Запознајте ги вашите пациенти со докажаните резултати добиени со електричните четки Philips Sonicare.

Гингивитис

Според центрите за контрола и превенција на болести, речиси половина од луѓето на возраст од над 30 години во САД имаат некаков облик на пародонтално заболување. Со употреба на електричната четка за заби Philips Sonicare можете да помогнете во поефикасно намалување на иритацијата на непцата, што предизвикува гингивитис.

Интердентално чистење

Сте слушнале поплаки од пациенти во врска со чистењето на забите со конец. Одзема многу време. Многу е напорно, болно и бара многу труд. Philips Sonicare Power Flosser 3000 ги решава сите овие проблеми и обезбедува безбедно и ефикасно интердентално чистење за помалку од 60 секунди дневно.

Пигментирани заби

Блескавата насмевка е знак на здрав начин на живот и претставува цел за повеќето пациенти. Затоа што процедурите за белење на забите продолжуваат да се здобиваат со популарност, Philips Zoom им помага на стоматолозите да создадат можности за примена во ординациите или во домашни услови во зависност од уникатните потреби и желби на секој пациент.

Чувствителност

За пациенти, кои страдаат од чувствителни заби, четкањето, чистењето на просторот помеѓу забите, јадењето и пиењето, можат да предизвикаат остра, привремена болка. Оваа состојба бара внимателна грижа. Правилната комбинација од електрична четка за заби и глава за четката за заби може да обезбеди олеснување.

Ортодонција

Одржувањето на чисти, здрави и бели заби во текот на ортодонтскиот третман е вистински предизвик. Можете да го направите процесот полесен за вашите пациенти со производите за орална хигиена Philips Sonicare, за кои се покажа дека ги намалуваат наслагите и го спречуваат воспалението на непцата.

Пародонтопатија

Додека повеќето пациенти можат ефикасно да го одржуваат здравјето на пародонтот преку соодветна дневна орална хигиена, особено за отстранување на наслагите, некои пациенти имаат потреба од подобрување на начинот на чистење во домашни услови. Овие пациенти можат да ги искористат предностите на интерденталниот препарат за чистење, вода за уста и пасти за заби со флуорид, за да се спречи појавата на разни пародонтолошки заболувања.

Клинички истажувања Клинички истажувања

* Во in-vitro студија. Вистинските резултати може да варираат.